Италија
Парма потврди два позитивни теста меѓу своите фудбалери
Фудбалскиот клуб Парма ја информираше јавноста дека деновиве ги тестирала сите членови на сениорскиот тим, стручниот штаб и придружен персонал и се појавиле два позитивни теста меѓу фудбалерите.
Поточно од шеесетина тестови, двајца фудбалери најпрвин имале позитивен, а по 24 часа и негативен тест, па според протоколот тие ќе бидат изолирани од останатите колеги.
Од Парма велат дека можеби веќе и се излечени од вирусот бидејќи немаат ниту симптоми, но ќе мора да се испочитува правилото за два негативни теста пред да добијат дозвола да продолжат со тренинзи.
Клубот не ги објави имињата на фудбалерите со позитивен тест, но потенцира дека тие се наоѓаат во одлична здравствена состојба.
Од друга страна, Удинезе исто така ги комплетираше првите тестови, а во клубот на нашиот Илија Несторовски немало ниту еден позитивен тест.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 19 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
Англијапред 19 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
НБАпред 20 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 21 час
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)