Парма ја прекина победничката серија на Рома (Видео)

Kulusevski

Парма ја оствари петтата победа сезонава, откако вечерва ја совлада Рома со 2:0 пред своите навивачи, што истовремено значеше и крај на серијата од три победи по ред на „волчицата“.

Спрокати во 68. минута го отвори резултатот, а точка беше ставена во судиското надополнување, кога контрата на Парма заврши со гол на Корнелиус.

Рома ќе биде на шестата позиција по ова 12. коло, додека Парма има 17 бодови или пет помалку од денешниот противник.

Facebook Коментари