Поврзете се со нас

Англија

Паркер откри дека лудиот слободен удар на „Вембли“ бил тактички испланиран: Не беше случајно (Видео)

Објавено

на

Фулам по пауза од само една година повторно ќе го гледаме во елитното друштво, откако менаџерот Скот Паркер успеа да сплоти дружина која триумфираше на најскапиот натпревар во светот.

Тимот од Лондон го доби градскиот ривал Брентфорд во големото плејоф финале на „Вембли“ и триумфираше со 2:1 во исклучително неизвесниот натпревар, во кој мораа да се играат и дополнителни 30 минути игра за да се добие последниот патник во Премиер лигата.

На крајот тоа е Фулам, а дефинитивно херој на вечерта беше двојниот стрелец Џо Брајан кој постигна е еден сензационален гол.

Кога сите очекуваа центаршут при еден слободен удар од 40 метри, Брајан комплетно го изненади голманот Раја и биеше директно во голот, а топката заврши во мрежата и сите за момент беа збунети, додека фудбалерот на Фулам се радуваше на неверојатниот погодок.

Посебно среќен беше и менаџерот Паркер, кој мора да се признае дека неколку секунди пред да биде изведен прекинот, разговараше со стрелецот на голот.

– Голот со кој беше отворен резултатот беше планира. Го гледавме позиционирањето на нивниот голман при прекините. Го викнав Џо и се обидов да изгледа дека правиме нешто тактички за центаршут, но му кажав да го држи на око голманот и да испроба со шут. Тој го направи тоа и ни успеа. На последниот меч го направивме ова, но топката заврши далеку од голот, овојпат не посака. Мора да нагласам дека ова беше тактички испланирано, – порача Паркер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни