Поврзете се со нас

Свет

Париз на Шортс водеше 20 разлика, па загуби од Асвел (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/ParisBasketball

Париз на македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс претрпе болен пораз од Асвел од 86:77 во третиот меч од полуфиналната серија во Франција.

Клубот од француската престолнина имаше брутален старт и во првиот период водеше и со 20 разлика, меѓутоа тој ритам не го задржи или поточно како што одминуваше времето домаќиниот беше подобар, покомпетитивен и по првото полувреме имаше само пет кошеви негатива (43-48).

Третиот и четвртиот период минаа во знакот на Асвел, па така овој состав води со 2-1 во пресметката и е многу блиску до место во големото финале.

Шортс одигра на високо ниво со 24 поени, 4 скока и 2 асистенции, ама на другата страна имаше достоен ривал во името на Парис Ли кој реализираше 27 поени со 5 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни