Поврзете се со нас

Лига Европа

Паредес за поразот на Рома: Ова е разочарувачки резултат за нас…

Објавено

на

foto:x.com/OfficialASRoma

Рома претрпе пораз на пресметката со Аз Алкмар во Холандија, пораз од 1-0 кој значеше дека калчолигашот ги загуби сите шанси за директен пласман во осминафиналето на Лига Европа.

„Волчицата“ во последно време имаше серија на добри резултати, па овој неуспех дефинитивно е разочарување и тоа го посочи Леандро Паредес.

-Ова е разочарувачки резултат, имавме можност да завршиме меѓу осумте најдобри. Сега треба да поминеме низ плеј-офот. Очигледно треба да се подобриме надвор од дома.

-Ова е толку разочарувачки, бидејќи нашите неодамнешни настапи беа навистина добри, така што да се дојде овде и да се игра вака е навистина вознемирувачки. Се мачевме во првото полувреме да најдеме простор и да ја задржиме топката. Кога влезе Матијас Суле, ја задржавме топката малку повеќе и создадовме повеќе можности за гол, но тоа не беше доволно, -порача Аргентинецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни