Свет
Паредес за глупоста која ја направи во Рома: И погледнав на смртта во очи, имавме многу среќа
Леандро Паредес својата фудбалска кариера сега ја гради во ПСЖ каде се почесто добива значајна улога во средниот ред, но неочекуваниот слободен период кој го има поради паузата со коронавирусот, го натера Аргентинецот да се врати во родната земја и да се потсети на еден страшен инцидент од времето во Рома.
Француската Федерација ги ослободи сите фудбалери откако ја прогласи сезоната за завршена поради пандемијата со КОВИД-19, па Паредес сега е во својата татковина каде без проблеми ги одработува своите задачи кон медиумите преку електронски пат.
Во разговорот кој го имаше за телевизијата „Тик Спортс“, Паредес се наврати на моментот кога и погледна на смррта во очи, откако заедно со неговата сопруга и неговиот соиграч Итурбе од Рома предизвикаа ужасна несреќа која за среќа мина без загинати.
– Искрено и погледнав на смррта во очи, мислев дека ќе погинал. За влакно не се случи голема трагедија, имавме огормна среќа. Јас, Итурбе и Пероти ги однесовме своите сопруги на концерт, секој беше со својот автомобил. Се враќавме дома, беше доцна и немаше никој на улиците. Возејќи, видовме дека е црвено светло на семафорот, но поминавме и тогаш видов како друг автомобил оди директно во мене.
– Се обидов да сопрам, свртев десно, но позади мене беше Итурбе со неговиот СУВ. Мислев дека ќе ме собере и помислив дека ќе умрам. Во обид да го избегнам и Итурбе, завршив на две тркала. Мојата сопруга збесна кога излезе, не прогласи за луди. Искрено, имавме огромна среќа што не заврши како трагедија, – се потсетува Паредес.
-
Шпанија24 часа
Модриќ го издвои омилениот момент од приказната со Реал: За мене тоа е посебен број…
-
АТП21 час
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија4 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија21 час
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија20 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија4 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
Шпанија3 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Италија55 минути
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)