Поврзете се со нас

Франција

Паредес: ПСЖ сонуваше за Меси, ама тоа нема да се случи

Објавено

на

Лионел Меси од 1 јули е слободен фудбалер откако му заврши договорот со Барселона, но како што стојат работите се чини само прашање на време е кога официјално напаѓачот ќе ја продолжи соработката со клубот од „Камп Ноу“.

Голем број на медиуми пренесоа дека шпанскиот великан и напаѓачот постигнале согласност за петгодишен договор со тоа што треба да се средат само уште некои детали за да потоа следи и завршница, потврда за зделката.

Уште еден доказ дека тоа е така е ијзвата на членот на ПСЖ, Леандро Паредес кој откри дека „светците“ го посакувале, сонувале за волшебникот од Розарио, но дека тоа едноставно нема да се случи.

-Да, се зборуваше за тоа во клубот кога стана јасно дека Лео може да дојде во Париз. Беше сон да се замисли дека може да биде со нас следната сезона. Ама тоа нема да се случи. Се надевам ќе му се допаѓа таму каде што ќе игра, -порача Паредес кој игра заедно со Меси во аргентинската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни