Поврзете се со нас

Свет

Паредес откри за конфликтот со Меси: Три месеци не ми одговораше на пораката

Објавено

на

foto:x.com/OfficialASRoma

Леандро Паредес важи за еден од најблиските колеги на Лионел Меси за време на настапите на аргентинската репрезентација, но играчот за врска открил дека во еден момент не бил во најдобри односи со првата ѕвезда на „гаучосите“.

Меси му се налутил на Паредес поради негов коментар за време на дуелот меѓу ПСЖ и Барселона, на кој двајцата настапувале за различен тим.

– Поради пандемијата игравме без публика и можеше да се слушне се што се зборува на теренот.

– Ние победивме и јас им реков нешто на соиграчите, а тој ме слушна.

– Следниот ден му испратив порака, а по две недели уште една, објаснувајќи му дека тоа што сум го рекол, не било наменето за него. Но, тој не одговараше, поминаа три месеци и не добив одговор.

– На следниот собир на репрезентацијата бев загрижен затоа што не знаев како ќе реагира кога ќе се сретнеме очи в очи. Но, кога ме виде, тој ме поли со вода во тоалетот и ме праша зошто сум дошол толку рано. Со тоа се беше заборавено и ја оставивме кавгата зад нас, па сега имаме неверојатен однос, – вели Паредес.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни