Поврзете се со нас

Франција

Паредес: Ќе биде сон ако ПСЖ го оствари тоа што го започна со Меси!

Објавено

на

ПСЖ не ги крие амбициите дека сака да го доведе Лионел Меси во своите редови доколку Аргентинецот одново посака да си замине од Барселона, сценарио кое е многу реално за остварување ако се земе во предвид дека капитенот на каталонскиот гигант ќе направи трансфер како слободен агент.

По ланските случувања во летниот преоден рок, Меси влезе во последната сезона од договорот со Барселона и доколку не се договори со новите раководни структури ќе биде слободен агент, а прв фаворит за обезбедување на неговиот потпис е ПСЖ поради неколку причини.

Прва и пред се е Нејмар, потоа играњето со Мбапе, но секако и влијанието на Аргентинците како Ди Марија, Паредес, а од неодамна и тренерот Покетино.

– На крајот се ќе зависи од Меси, сите ја чекаме неговата одлука. Од Меси зависи дали ќе дојде тука и ќе ни се приклучи, бидејќи ПСЖ веќе има обиди за да го убеди во овој проект.

– Ќе биде сон доколку ПСЖ го оствари тоа што го планира со Меси. Ќе биде сон за мине да бидам трениран од мој сонародник, со опција да играм со Меси секој ден. Се надевам дека ќе се оствари тоа, – изјави Паредес во интервјуто за „Кориере дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни