Поврзете се со нас

Светски првенства

Пардан блескаше на голот, Франција го доби првото големо дерби на СП во Египет

Објавено

на

Франција и Норвешка го одиграа првото големо дерби на Светското ракометно првенство во Египет, а поуспешна беше француската селекција (28:24), која доминираше во текот на целиот натпревар.

Во првиот дел, предноста на победникот се движеше до најмногу два гола, во таков ритам двете селекции продолжија и во второто полувреме, а неизвесноста беше елиминирана по серијата на Франција од 4:0, по која поведоа со 26:20.

Норвежаните се вратија на минус три, но францускиот голман Пардан имаше неверојатен настап и со своите одбрани не дозволи поголема неизвесност во завршницата, по што конечниот резултат беше 28:24.

Пардан го заврши натпреварот со дури 19 одбрани и беше избран за играч на средбата, додека во нападот Французите беа предводени од Мае со 9 голови, додека Ремили, Деска и Енгесан реализираа по 4 погодоци.

Кај Норвешка, очекувано најдобар поединец беше Сагосен со 10 голови на оваа средба од групата Е на СП во Египет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни