Паратичи со свој став за загубеното прво место на Јувентус и иднината на Роналдо

fabio-paratici1

Кристијано Роналдо не игра во најдобра форма, а Јувентус со киксот против Сасуоло му ја препушти првата позиција на Интер, кој очигледно ќе биде најголем ривал за титулата сезонава.

На вечерашното доделување на наградите за најдобрите играчи во Италија, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи говорел за двете теми, односно и за иднината на Роналдо во торинскиот клуб.

– И во други сезони во овој дел од првенството сме имале негатива, некогаш и поголема, но сме успевале да се вратиме на врвот. Се уште е декември, не очекува интересно првенство, освоивме многу бодови, но и Интер игра одлично и заслужено е на врвот.

– Како реагирам кога некој ќе ми каже дека Роналдо е проблем за Јувентус? Можам само да се насмевнам, тој има поинаков проблем, а не со некој во клубот. Сака да биде најдобар во Италија, а ние сметаме дека ја заслужи и „Златната топка“. Сигурно ќе остане и следната сезона и се надевам дека ќе му помогнеме да го освои признанието следната година, – изјавил Паратичи.

Facebook Коментари