Поврзете се со нас

Свет

Паратичи потврди дека Јувентус и Барселона преговараат за сензационална размена на играчи

Објавено

на

Познатите медиуми од Италија и Шпанија ја искористија паузата која ја предизвика КОВИД пандемијата за да испратат безброј информации поврзани за сензационална размена на релација Торино-Барселона, но иако во последно време се смирија шпекулациите со рестартот на првенствата, сега Фабио Паратичи го имаше последниот збор.

Спортскиот директор на Јуве се одлучи отворено да проговори за најавената бомбастична размена која ја подготвуваат двата фудбалски великани, а во која се вклучени Миралем Пјаниќ и Артуро Мело.

Непосредно пред натпреварот меѓу Болоња и Јувентус во Серија А, Паратичи потврди дека воделе преговори со Барселона за оваа операција, но нагласи дека иако има добра подлога за разговор од двата клуба, пресудно ќе биде тоа да се убедат играчите.

– Со голема френкфенција говоревме со БАрселона, но во овој момент не чекаат важни натпревари и ги стопиравме разговорите за извесно време.

– Потребно е да се најде договор меѓу навистина повеќе страни, двајцата играчи треба да бидат убедени од страна на својот, но и противничкиот клуб. Ништо не е поврзано со одреден ултиматум, – откри Паратичи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни