Поврзете се со нас

Италија

Паратичи отворено проговори за иднината на Игуаин и можната размена на играчи со Барселона

Објавено

на

Главниот оперативец на Јувентус, Фабио Паратичи отворено проговори за неколку теми, актуелни прашања поврзани со „бјанконерите“.

Едно од нив е Гонзало Игуаин и неговата иднина во Торино со оглед на тоа што се уште е нејасно дали ќе се врати со оглед на тоа што неговата мајка во Аргентина има здрваствени проблеми и тој сака да биде блиску до неа.

-Кога замина, тој генерално беше многу загрижен поради лични причини. Тој е многу чувствителен човек. Ние го сакаме, има извонредна сезона, па се надеваме дека ќе може да продолжи со нас за годината што ја има во неговиот договор, -истакна Паратичи кој даде одговор и за можната размена на играчи со Барселона во која се споменуваат Миралем Пјаниќ и Артур Мело.

-Што се однесува до приказната за Пјаниќ-Артур, големите клубови секогаш разговараат едни со други, не само за размена, туку и како да одат напред во целина. Во моментов само разговареме, -рече Фабио кој воедна кажа дека се многу блиску до продолжување на договорите со Буфон и Кјелини, а на истата тема се работи и со Дибала.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни