Паратичи: Игуаин ќе го продолжи договорот со Јувентус

Iguain-Milano

Гонзало Игуаин беше ставен на трансфер листата на Јувентус последното лето, но упорноста на Аргентинецот му овозможи да остане во составот, за подоцна да биде избран и за МВП за октомври од навивачите на торинскиот клуб.

Статусот на Игуаин сега е многу подобар, а Фабио Паратичи открива дека Аргентинецот веројатно наскоро ќе го продолжи договорот со „бјанконерите“.

– Игуаин игра одлично и според мене отсекогаш бил меѓу најдобрите тројца напаѓачи во светот.

– За време на летниот преоден рок имаше повеќе можности за него на маса, но тој инсистираше да остане. Зборувавме многу бидејќи летото пред да замине во Милан, не беше толку убеден во останувањето во Јувентус.

– Сега беше уверен, се уште работиме на продолжувањето на договорот, но верувам дека тоа ќе се случи наскоро, – изјавил спортскиот директор на Јувентус.

Facebook Коментари