Поврзете се со нас

Свет

Парагвајците им забраниле на фановите да носат дресови на Меси, Скалони смета дека мерката нема да има ефект

Објавено

на

Foto:x.com/Argentina

Парагвајската фудбалска федерација најави дека нема да дозволи домашните фанови да носат аргентински дресови на дуелот меѓу двете репрезентации во Асунсион.

Челниците на домашната федерација ги предупредија фановите дека дресовите на Меси, на аргентинската репрезентација или некој аргентински клуб нема да бидат одобрени на трибините, но селекторот на гостите, Лионел Скалони смета дека сигурно ќе има дресови на Меси на стадионот.

– Нема да дозволиме туѓи дресови. Немаме проблем со Меси, ги почитуваме кариерите на сите фудбалери, но домашниот терен ни е многу важен, – изјавил претставник на Парагвајската федерација.

Аргентинскиот селектор Скалони вели дека влијанието на Меси е толку големо и во Парагвај, што мерката на домаќините нема да има целосен ефект.

– Логично е што Парагвајците посакуваат сите да носат дресови на домашната селекција, но Меси е посилен од тоа и сигурен сум дека ќе има аргентински дресови. Според мене, тоа не значи дека тие фанови не го поддржуваат Парагвај, – рекол Скалони.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни