Свет
Папу се навикнува на новата реалност: Никој не ми се јавува откако станав светски шампион
Алехандро Гомез стана светски шампион пред две години и месец декември му ја донесе најголемата радост во играчката кариера, но истовремено и најголемиот страв откако е професионалец.
Два дена пред големото финале меѓу Аргентина и Франција, Папу доби известување дека неговиот последен допинг тест е позитвен, а откако не извади доволно добри аргументи за да се извлече, на крајот доби двегодишна забрана за вршење на фудбалска дејност.
Папу изминативе месеци тренираше со нисколигаши во Италија и Шпанија и се надева дека ќе добие последна шанса да заигра фудбал, но пред да дојде до тоа, се исповеда за бруталната реалност со која морал да се соочи откако стана светски шампион.
– Информацијата за позитивниот тест ми дојде два дена пред финалето со Франција, на мејл добив порака дека сум позитивен. Замислете како е да добиете таква вест пред финале на еден мундијал. Тоа беше ужасно, се разболев, два дена имав температура, очигледно ми падна цел имунитет од стрес.
– Не кажав на никој во прв момент, не сакав никој да мисли на нешто друго, освен на финалето на Светското првенство. Ќе беше навистина многу себично да кажам нешто такво пред момците кои го играат натпреварот на своите животи.
– Сега почнувам отпочеток. Се чувствувам како аматер, како играч кој треба да дебитира во Прва лига. Треба сум обичен фудбалер, работам на егото, работам да го тргнам настрана. Се навикнувам на реалноста во која не сум Папу, се навикнувам на реалноста во која сум само Алехандро. Секако, се навикнав и на реалноста никој да не ми се јави откако станав светски шампион, – вели Гомез.
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија13 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација16 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија17 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…