Поврзете се со нас

Лига Европа

Папу Гомез е убеден: Аталанта може да го победи Реал, имаат играч кој е меѓу најдобрите во Европа!

Објавено

на

foto: x.com/Alookman_

Аталанта е домаќин на Реал Мадрид во еден од натпреварите кои ќе ја одбележат утрешната програма во Лигата на шампионите, средба која е од исклучително значање за клубот од шпанската престолнина.

Реал има само две побед и со 6 бода го држи последното 24 место кое води во елиминациската фаза, па нов неуспех, пораз во Бергамо може да биде катастрофа да актуелниот шампион затоа што до крајот остануваат само уште две кола.

Калчолигашот е далеку помирен и со 11 бода е на 5 позиција на табелата, а тоа според Папу Гомез може да биде од голема корист затоа што нема притисок, односно да го потврдат квалитетот и му зададат удар на фаворитот.

-Можат на секого да му направат проблем, не само на Реал Мадрид. Тие (Реал) не се во најдобро издание. Имаат неколку повредени или неодамна закрепнати играчи. Тие не изгледаат премногу солидни, а шпанските тимови не се навикнати да играат човек на човек. Од суштинско значење е да се биде подготвен за долги топки и вертикални додавања. Мбапе и Винисиус ќе ве повредат кога ќе имаат простор, како што направи Леао во петокот за Милан. Ќе биде драгоцено повторно да се гледа дуелот со Суперкупот во август. Тренерот ќе го подготви натпреварот почнувајќи од тука, -вели Гомез кој смета дека Аталанта во Едерсон има еден од најдобрите играчи од средината на теренот.

-Фројлер е врвен играч, но Едерсон е фантастичен играч со помала физикалност и уникатни сет вештини. Тој е меѓу 10-те најдобри играчи од средниот ред во Европа, клучен за Аталанта, -порача Аргентинецот за „Газета Дело Спорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни