Поврзете се со нас

Македонија

ПАОК покажа сила и му нанесе тежок пораз на МЗТ пред гостувањето во Скопје

Објавено

на

Foto:mztskopjeaerodrom.mk

МЗТ Скопје го запиша првиот пораз во подготовките за новата сезона, нешто што и не е големо изненадување со оглед на тоа што македонскиот првак играше против многу силен ривал.

Грчки ПАОК се покажа како негостопримлив домаќин и ја покажа цела своја сила на пријателскиот меч, кој ќе има своја реприза за три дена во Скопје.

МЗТ сигурно ќе сака да ја поправи сликата на вториот меч на домашен терен, бидејќи денеска едноставно не можеше да парира на грчкиот колектив кој оствари преубедлива победа.

ПАОК славеше со 97:53 во меч во кој имаше многу отворени шутеви, а во прилог на домаќините им одеше и тоа што кошаркарите беа навистина расположени и погодија дури 16 тројки.

Франке со 18 поени беше најефикасен играч на паркетот, додека скромното напаѓачка игра на МЗТ најдобро е отсликана од тоа што ниту еден играч не постигна двоцифрен број на поени. Крстевски го заврши мечот со девет, додека Стојановски, Магдевски и Максвел уфрлија по осум поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни