Поврзете се со нас

Свет

Панучи: Освоив се во Милан, но само еден клуб е „фудбалски Холивуд“!

Објавено

на

blank

Кристијан Панучи ги освои сите најважни клупски трофеи во својата кариера и може да се пофали дека беше дел од многу елитни клуба, па иако поновата генерација го памети од неговите последни денови и изданија во Рома, поранешниот десен бек беше дел од историските тимови на Милан и Реал Мадрид.

Панучи започна во Џенова и потоа направи трансфер во Милан каде двапати ја освои Серија А и еднаш Лигата на шампионите, пред да се пресели во Реал Мадрид каде му се приклучи на својот ментор, Фабио Капело.

– Јас бев миленикот на Капело, ме сакаше во сите свои клубови. Ме сакаше секаде и ме носеше каде и да одеше. Многупати сме имале соочувања лице в лице, но секогаш сме биле искрено и максимално коректни еден со друг.

– Во Милан освоив се, но потоа дојде претседателот Санц од Реал и ми кажа дека Реал Мадрид е друг свет. Одлучив да го следам Капело, исто како што тоа го направив потоа во Рома.

– Претседателот Санц беше во право, освоив се во Милан, но Реал е нешто друго. Реал е Холивуд во фудбалот. Кога играте на „Бернабеу“, долги топки се забранети. Белиот дрес на Реал има неверојатна тежина, – потенцира Панучи кој три години беше дел од „кралскиот клуб“, период во кој ја освои Лигата на шампионите и шпанската Примера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни