„Пантерот“ Касио го има потегот на годината: Бразилски репрезентативец со двојна луда одбрана го одушеви фудбалскиот свет (Видео)

kasio

Светското првенство е зад нас, а дел од актерите веќе им се вратија на клупските обврски како што е случајот со искусниот бразилски голман Касио Ромас.

Тој беше дел од составот на Тите, но не доби шанса за настап на мундијалот во Русија. Меѓутоа без разлика на тоа Касио потврди дека заслужено е бразилски репрезентативец и во конкуренција за голманската позиција со неговиот мастрален потег на средбата од домашниот шампионат против Ботафого.

Коринтијанс пред своите гледачи славеше со 2-0, а токму Касио беше играч број еден, најзаслужен за трите бода. Тој имаше неколку одлични интервенции, но една двојна во рок од неколку секунди се извдојува и вреди да се погледне по неколку пати.

Facebook Коментари