Поврзете се со нас

Свет

Пантер се јави со реакција по информацијата дека ќе го напушти Партизан (ФОТО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Кевин Пантер веќе неколку години е дел од тимот на Партизан, тим во кој се истакна и дури ја доби улогата на лидер, капитен што дефинитивно не е мала работа ако се земе предвид дека тој е странец.

Меѓутоа и тој во актуелнава сезона потфли како што потфрли и целата екипа, клуб, се загубија главните битки со Црвена Звезда, не беше остварена амбициозната цел во Евролигата, па имаше доста критики на негова адреса.

Токму поради ова не беше изненадување веста која вчера ја сподели „Спорт Клуб“ дека тој си заминува, односно се договорил за преселба во Макаби Тел Авив.

Ама веднаш потоа се огласи неговиот агент кој ја демантираше веста за да потоа се реакција се јави и самиот играч,

Тој не напиша ништо, остави само емотикон капа што на сленг значи сомнеж за нешто, лага или невистина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни