Поврзете се со нас

Евролига

Пантер претставен во европски великан еден ден по разделбата со Партизан (Фото)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Кевин Пантер вчера официјално се раздели со Партизан и стави крај на тригодишната балканска етапа која ја имаше во Белград, но непочни 24 часа подоцна, пристигна официјална информација за неговиот следен чекор во кариерата.

Досегашниот капитен на Партизан се одјави од Белград како вистински џентлмен и не заборави никој во својата проштална порака, а по незаборавната авантура во Србија, сега се сели во една од најкошаркарските нации во Европа.

Пантер во новата сезона сигурно ќе го напаѓа трофејот во Евролигата, бидејќи Американецот од денека и официјално е нов член на каталонскиот великан Барселона.

Барселеона со големо задоволство ја потврди зделката на која работеше неколку дена, а уште подобра вест за каталонците е тоа што Пантер доаѓа без отштета.

Кевин стана слободен агент по спогодбената разделба со Партизан, а Барселона извести дека засега потпишал само едногодишен договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни