Поврзете се со нас

Евролига

Пантер беше пречекан како „крал“ во Арена, па му пресуди на „својот“ Партизан (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBbasket

Новиот изглед на Партизан се уште не е исфилуван како што посакува тренерот Жељко Обрадовиќ, па во оваа рана фаза од сезоната, навивачите се навикнаа на повеќе порази, отколку на победи во Евролигата.

Српскиот великан денеска го претрпе петтиот пораз во низа во најелитното кошаркарско натпреварување во Европа, но истиот и можеше да се очекува со оглед на тоа што беше претрпен од Барселона.

Кевин Пантер доби топол пречек во „Арена“ како миленик меѓу фановите на Партизан, но токму Кевин беше и најдобар поединец на паркетот во победата на фаворитот.

Барселона отиде на „плус 23“ на средина на третата четвртина и се закануваше бламажа за Партизан во тие моменти, но „црно-белите“ не се откажаа и успеаја да дојдат до само „минус 1“ во последниот период (79:80).

Тоа се случи во последните две минути и победата на Барселона сериозно беше доведена во прашање, но кога беше најтешко, Абринес и Пантер постигнаа поени и така каталонците славеа со 79:87.

Пантер со 18 поени беше најефикасен кошаркар на паркетот, следен од Паркер кој постигна еден помалку.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни