Поврзете се со нас

Македонија

Паноски четврто зимско засилување за Академија Пандев

Објавено

на

Академија Пандев го промовираше четвртото зимско засилување, а тоа е 21-годишниот централен дефанзивец Игор Паноски.

Паноски во новата средина доаѓа од Беласица и треба да биде уште една опција во дефанзивата за новиот тренер Александар Васоски. Претходно тимот од Струмица ги доведе стоперот Коста Манев, голманот Марко Јовановски и офанзивното крило Николче Шаркоски со тоа што во наредните денови треба да дојдат уште неколку нови имиња со кои би се комплетирал составот за пролетната полусезона.

„Пандевци“ во вториот дел од шампионатот ќе се обидат да обезбедат опстанок во елитата, но воедно ќе пробаат да остварат и нов успех во Купот на Македонија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни