Паника во Кина: Гаитан се струполи на тревата, брзата реакција на Караско и докторот спречија голема трагедија! (Видео)

yifang-gaitan

Николас Гаитан и Јаник Караско изминатиов февруари направија големо изненадување и одлучија да го напуштат Атлетико Мадрид за да се преселат во Далијан Јифанг, а ако на почетокот на нивната авантура во Азија служеа за потсмев со оглед на тоа што дебитираа со пораз од 8:0, сега Аргентинецот ги исплаши сите фудбалски фанови во Кина на денешниот меч во рамките од третото коло.

По еден несреќен дуел со противничкиот ривал, Гаитан доби удар во главата и се струполи на земјата во бессознание, а шокот и паниката беше навистина голема бидејќи при падот, Аргентинецот си го голтнал јазико и останал без воздух. Брзата реакција на храбриот Караско и еден соиграч од Јифанг му помогнаа на докторот да му го извадат јазикот на Гаитан, со тоа успеаја да спречат вистинска трагедија на теренот.

Секако, доскорешниот играч на Атлетико беше изнесен од игра на носилки, но информациите кои пристигнуваат од Кина велат дека се наоѓа во добра состојба по најголемиот шок и стрес кој го претрпе во својата кариера.

Facebook Коментари