Поврзете се со нас

Македонија

„Пандевци“ се засилија со Босанецот Хаџановиќ

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Академија Пандев ги засили своите редови со интернационалецот од Босна и Херцеговина, Адис Хаџановиќ.

Хаџановиќ има 28 години и во Струмица доаѓа од редовите на Олимпик Сараево. Во својата досегашна кариера тој има настапувано уште за клубови од Естонија, Хрватска, Црна Гора и Словенија.

Инаку „пандевци“ добро ја започнаа новата сезона во ПМФЛ и по првите две кола освоија четири бода со што го делат врвот со Шкупи, Ренова и Струга.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни