Поврзете се со нас

Македонија

„Пандевци“ и Струга ремизираа во Струмица

Објавено

на

Академија Пандев и Струга Трим Лум одиграа без победник 1-1 во во последниот натпревар од првото коло во Првата македонска фудбалска лига.

На средбата која се играше под рефлектори во Струмица на двете екипи им припадна по едно полувреме што во случајот беше доволно за по еден бод за избраниците на Васоски и Захариевски.

Гостите го отворија резултатот во првиот дел или поточно во 25 минута со голот на Емир Скендери. Овој резултат беше активен на семафорот се до 54 минута кога поранешниот играч на Вардар Мартин Мирчевски изедначи на 1-1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни