Поврзете се со нас

Македонија

Пандевци ги надиграа „лавовите“ од Ѓорче, Работнички и го нанесе првиот пораз на Брегалница

Објавено

на

Фудбалерите на Академија Пандев продолжуваат со квалитетни настапи во првата македонска лига, а нивна најнова жртва беше тимот на Македонија Ѓорче Петров кој настрада во Струмица (4-1).

Гостите од Скопје уште на самиот старт го отворија резултатот преку младинскиот репрезентативец Воша, меѓутоа ова не донесе немир кај четата на Васоски која успеа да направи пресврт до крајот на овој дел со головите на Бихорац и Мирчевски.

Во второто полувреме Мирчевски со вториот погодок го зголеми водството на 3-1, а до крајот стрелаше и Лукас, додека кај ѓорчепетровци поцрвене дефанзивецот Личина.

Во Скопје пак Работнички и го нанесе првиот пораз на штипска Брегалница. Избраниците на Влахо дадоа по еден гол во двете полувреме, прво реализираше Станковски, потоа и Ристевски.

Останти резултати од 6. коло:

Струга-Скопје 1-0

Тиквеш-Ренова 0-2

Борец-Пелистер 2-1

Шкендија-Шкупи (14 септември)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни