Пандев за проблемот на Џенова: Не ги реализираме идеите на тренерот

Pandev-Andreacoli

Џенова доживеа тежок пораз на гостувањето кај Парма (5:1), а овој нов неуспех веројатно ќе значи и отказ за актуелниот тренер Аурелио Андреацоли.

Додека медиумите веќе шпекулираат со имињата на неговите можни наследници, капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, застана во негова одбрана.

– Мора да им се извиниме на навивачите, бидејќи не оди да ги губиме натпреварите на ваков начин.

– Пропуштивме добра шанса на 0:0, а трите примени гола за пет минути ни ги пресекоа нозете, очигледно ни треба многу повеќе самодоверба и смиреност на теренот.

– Жалиме за ситуацијата во која се најде тренерот. Работевме добро на тренинзите, но не можевме да ги спроведеме неговите идеи на теренот, – вели искрениот Пандев кој денеска го одигра првото полувреме.

Facebook Коментари