Италија
Пандев за италијанските медиуми: Македонија нема што да загуби, луѓето веруваат во играчите

Поранешниот македонски репрезентативец и капитен на националната селекција, Горан Пандев даде интервју за италијански „РАИ спорт“ поврзано со бараж натпреварот меѓу Италија и Македонија.
Двете репрезентации ќе вкрстат во претпоследната пречка за пласман на Мундијалот во Катар, а јасно е дека Италија е огромен фаворит на оваа средба.
Тоа го потенцира и Горан Пандев кој вели дека нашите играчи нема што да загубат и затоа имаат шанса на овој натпревар.
– Италија е фаворит затоа што игра дома, а го освои и последното Европско првенство. Но репрезентацијата на Македонија верува во себе, најмногу поради тоа што нема што да загубиме.
– Луѓето веруваат во играчите затоа што знаат колку овие момци може да дадат кога играат без притисок. Најдобра одлука беше да се повлечам по Европското првенство затоа што Македонија никогаш не се пласирала на такво натпреварување.
– Дали би можел да играм во националниот тим на Италија? За мене Италија е втор дом, мотие деца се тука, но отсекогаш сум ја носел Македонија во срцето, -изјави Горан Пандев.
-
Англијапред 3 часа
Сити беше на колена, па за пет минути направи чудесен пресврт и ја одбрани титулата во ПЛ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 14 часа
Играч на Реал го „поздрави“ Мбапе: Да се биде дел од Мадрид е привилегија која не може секој да ја има!
-
Македонијапред 13 часа
Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!
-
Светпред 23 часа
Митревски и Порто го добија дербито со Бенфика и дојдоа на чекор до титулата во Португалија
-
Евролигапред 22 часа
Мициќ му донесе нова европска титула на Анадолу Ефес, па повторно запеа (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Последната објава на Бензема предизвика лавина од реакции: Карим изневерен од Мбапе (Видео)
-
Светпред 9 часа
Класа потег: Иџе и Вуков први му честитаа на Давидовски за историскиот успех (Фото)
-
Францијапред 9 часа
Лизаразу во неверица: Мбапе фрли на колена една земја и најголемиот клуб во светот!