Поврзете се со нас

Светски првенства

Пандев за историскиот меч во Палермо: Ги предупредив Италијанците дека нема да биде лесно

Објавено

на

Горан Пандев бил еден од најголемите фанови на македонската репрезентација која ја шокираше Италија среде Палермо, а вели дека иако предупредувал, италијанската фудбалска јавност премногу ги потценила избраниците на селекторот Благоја Милевски.

Пандев деновиве бил гостин на радио „РАИ“ и таму очекувано од него било побарано да го коментира изненадувачкиот резултат во мундијалскиот плејоф.

– Моите италијански пријатели велеа дека натпреварот ќе биде лесен за нивната репрезентација, дека Македонија ќе загуби со многу голови во мрежата и тој дуел ќе биде само подготовка за финалето во плејофот.

– Ги предупредував да бидат внимателни, им велев дека Македонија игра одлично во транзиција, а на крајот така и падна голот, а Италија немаше време да се извлече.

– Се чувствувам половина Италијанец, моите деца се родени овде, но секако дека навивав за Македонија, – изјавил поранешниот капитен на македонската репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни