Поврзете се со нас

Европски првенства

Пандев во одбрано друштво: Топ листа на играчи со повеќе од 100 настапи за своите репрезентации

Објавено

на

blank

Лидерот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев се најде во одбрано друштво во најновата Топ листа на УЕФА на играчи кои имаа 100 или повеќе настапи за своите национални тимови.

Како што е познато Македонија направи историски успех и ќе игра на Европското првенство каде во групната фаза ќе ги одмериме силите со Украина, Австрија и Холандија. Со оглед на тоа што сме се поблиску до големиот настан УЕФА состави листа на фудбалери кои се легенди на своите репрезентации со оглед на тоа што воопшто не е лесно да запишете 100 или повеќе мечеви во националниот дрес.

-Долго време е ѕвезда на својата репрезентација, кариерата на Пандев дојде до бајковито крешендо додека се подготвува за својот прв голем турнир на возраст од 37 години. Го голот против Грузија со кој Македонија обезбеди место на ЕП, -велат од УЕФА за Пандев кој е на бројката од 114 натпревари.

Гоче е во одбрано друштво затоа што тука се Рамос, Роналдо, Модриќ, Мутињо, Хамшик, Ларсон, Бускетс, Лорис, Левандовски, Пепе, Витсел, Кјелини, Жиру, Алдервирелд, Ериксен, Кјер, Крос и Русинот Жирков.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни