Поврзете се со нас

Европски првенства

Пандев: Утрешниот меч ќе биде последен за мене во дресот на Македонија!

Објавено

на

Македонската репрезентација утре против Холандија го игра завршниот натпревар на Европското првенство, натпревар кој воедно ќе биде последен за Горан Пандев во националниот дрес.

Оваа вест ја соопшти самиот Пандев кој смета дека е вистинско време, идеален начин да се стави крај на репрезентативната приказна.

-Овва е мојот последен натпревар во дресот на Македонија, крај на репрезентативната кариера. Оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на репрезентативниот фудбал и верувам дека ова е вистински момент да се повлечам од националниот дрес. Сакам да им посакам многу среќа во иднина, убеден сум дека ќе не радуваат.

-Среќен сум што се повлекувам на ваков начин, големо натпреварување. Подобро збогување не можев да посакам. Има емоции, но знам како да се носам со нив. Дај боже утре ова да го заокружам со еден позитивен резултат, -порача нашиот капитен.

Средбата Холандија-Македонија во Амстердам се игра од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни