Пандев: Судијата направи нервоза, поразот е добар за отрезнување

Pandev-Ermenija

За „Дерби“ од Ереван,
Александар Табаковски

Македонскиот капитен Горан Пандев потенцираше дека судиските одлуки имале директно влијание врз резултатот на дуелот меѓу Ерменија и Македонија, но поразот доаѓа како отрезнување во вистински момент.

– Судијата не ни досуди чист пенал и тоа не направи многу нервозни, потоа имавме шанси, а веројатно и уште еден пенал по стартот на голманот над Трајковски. Фудбалот е таков, имавме и лоша вечер, но овој пораз дојде во вистинско време, да се отрезниме и да знаеме што не очекува понатаму. Сигурен сум дека ќе бидеме први во групата.

– Сигурно дека малку летнавме во облаци. Фудбалот е едно, а друго е нашиот менталитет кој сите го знаеме каков е, но добро е што загубивме овде а не во полуфиналето, бидејќи сум сигурен дека ќе го освоиме првото место во групата. Уште еднаш ќе се навратам на судењето, според мене беше навистина смешно, – изјави Пандев во Ереван.

Facebook Коментари