Поврзете се со нас

Светски првенства

Пандев со свој тип за титулата на СП во Катар: Најпријатно ме изненадија

Објавено

на

Горан Пандев се наоѓа во Италија и од таму ги следи случувањата на мундијалот во Катар, а последно беше специјален гостин во „Спортлајт“ емисијата која се емитува на „Спортклуб“.

Легендарниот капитен на македонската фудбалска репрезентација даде позитивни оценки за играта на Мароко и посочи дека Мароканците заслужено ја елиминирале Шпанија, но сепак како свој фаворит ја избира Португалија од која е најпријатно изненаден.

– Сите се надеваме дека не чекаат добри натпревари, сите тимови се добро потковани, и тактички и физички. Кога ќе влезете во осум најдобри тимови во светот, сметам дека тука веќе нема фаворити.

– Гледам на Бразил како голем фаворит, имаат фонд од 22-23 играчи, истото важи и за Фрнација, но мене најпријатно ме изненади на позитивен начин Португалија. Сметам дека Португалија може да го освои Светското првенство, – изјави Пандев, кој беше запрашан дали Италијанците воопшто го гледаат мундијалот во Катар.

– Во Италија се уште зборуваа за нас, зборуваат за тоа како Италија не игра на СП. Јас сум тука и пред секој и после секој натпревар на „Раи Уно“ постојано велат дека Италија недостасува. Најголем дел од фудбалските фанови го гледаат мундијалот, но Италијанците се такви, најмногу сакаат да ја гледаат нивната селекција, – порача Гоче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни