Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пандев со моќна порака ја одбележа 10-годишнината од историскиот успех во Мадрид (Фото)

Објавено

на

Спортскиот директор Бранка вчера се обиде да објасни какво значење имал Горан Пандев во историскиот поход кој го имаше Интер пред една деценија, а на денот кога се одбележува десетгодишнината од незаборавната ноќ во Мадрид, со емотивна објава се јави и македонскиот капитен.

Пред точно десет години на „Сантијаго Бернабеу“, Горан Пандев го завеа македонското знаме во шпанската престолнина и го подигна „клемпавкото“ опкружен од своите сакани соиграчи во Интер, успех со кој се стави точка на една незаборавна и неповторлива сезона која вечно ќе ја паметат фановите на клубот од Милано.

Интер го победи Баерн Минхен во финалето од кое беше дел и Пандев од 79-та минута, а дека 22-ри мај има посебно место во срцата на сите играчи од тој тим на Интер, најдобар доказ е пораката на нашиот Гоче.

– 22.05.2010. година, датум кој останува врежан во моите најмили спомени. Кога започнав да играм фудбал, имав многу сонови, но не се надевав дека судбината ќе има толку голема цел за мене.

– Ги надминав сите соништа на 22.05.2010. година. Заедно со моите соиграчи, заедно со клубот, заедно со навивачите споделивме голем успех што останува гравиран во моето срце, – гласи пораката на Пандев за безвременскиот успех на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни