Поврзете се со нас

Македонија

Пандев со јавна поддршка за главниот фаворит за нов претседател на ФФМ (Фото)

Објавено

на

Foto:facebook.com/fkakademijapandev

Муамед Сејдини си поднесе оставка по победата која ја оствари Македонија над Фарски Острови и најави промени во врвот на Фудбалската Федерација на Македонија, во која официјално ќе се бира нов претседател на 22-ри декември.

Вонредното изборно собрание ќе биде свикано за да се именува нов мандатар на најважното фудбалско тело во нашата земја, а како што стојат работите, единствен кандидат и главен фаворит за престолот е Масар Омерагиќ.

55-годишниот Омерагиќ доби јавна поддршка да го наследи претседателското место во ФФМ, но од вчера неговата кандидатура е официјална, откако доби ветер во грб од ОФС Свети Николе.

Со 16 гласа ЗА, Омерагиќ беше предложен како кандидат за претседател на Фудбалската Федерација, а се очекува голем адут во новите планови на идниот претседател да биде и Горан Пандев.

Легендарниот македонски напаѓач по се изгледа ќе има значајна улога во новата гарнитура, па својата поддршка продолжи да ја искажува и преку социјалните мрежи.

– Минато, сегашност, иднина, – гласи пораката на Пандев на која позира со Масар.

Омерагиќ се очекува да биде единствен кандидат за претседател на претсојното собрание во месец декември, па работата на делегатите во ФФМ дефинитивно нема да биде многу тешка.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни