Поврзете се со нас

Македонија

Пандев со големо задоволство го претстави првото летно засилување за Брера: Со ова ги покажуваме нашите амбиции (Фото)

Објавено

на

Горан Пандев како претседател на Брера Струмица го претстави првото летно засилувања за новата натпреварувачка сезона, но истовремено најави дека клубот од неговиот роден град ќе делува максимално амбициозно и во останатиот дел од преодниот рок.

Францускиот интернационалец Џибрил Дианеси доаѓа од редовите на белгиски Ла Лувиер, а како играч кој е продукт на фудбалската школа на Тулуз, на 28-годишна возраст е претставен како огромно засилување за Брера.

– Долго преговаравме со овој играч бидејки сакавме да го донесеме во нашите редови. Ова засилување ги покажува нашите амбиции за наредната сезона и дека во наредниот период нашиот клуб ќе ангажира засилувања од истиот калибар. Во прашање е играч кој може да покрива повеќе позиции во нападот и очекуваме многу во следната сезона, – изјави претседателот Горан Пандев.

Џибрил Дианеси потекнува од Мали и тој на нашиот тим ќе се приклучи со стартот на подготовките за новото првенство.

– Чест и задоволство е да играм за клубот кој за претседател го има Горан Пандев. Ќе дадам се од себе за исполнување на амбициите на тимот за новата сезона, бидејки од тоа што го слушнав Брера за наредната сезона ќе атакува на врвот на прволигашката табела, – вели Дианеси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни