Поврзете се со нас

Репрезентација

Пандев со емотивни зборови му се обрати на Ангеловски и заокружи една незаборавна фудбалска бајка (Фото)

Објавено

на

Горан Пандев и Игор Ангеловски како најважни алки во оваа историска македонската фудаблска генерација беа првите кои најавија заминување уште пред да го одиграме последниот натпревар на Европското првенство, а по крајот на мечот во Амстердам на „Јохан Кројф арената“, двајцата им се заблагодарија на сите новинари и фудбалски фанови и потврдија дека селекцијата е завршена приказна која никогаш нема да ја заборават.

Македонија ќе продолжи во квалификациите за Светското првенство без своите лидери, но и двајцата веруваат дека оваа македонска селекција поседува потенцијал да направи уште еден историски подвиг, односно да се пласира на еден фудбалски мундијал.

Во моменти кога се уште се собираат впечатоци од она што го доживеавме сите Македонци на ова Европско првенство, Пандев почека неколку дена пред да му напише порака на Ангеловски, а неговата денешна објава доволно говори за тоа колку важна улога имаше популарниот Мрме и како влијаеше врз македонската фудбалска историја во изминатите шест години.

– 20.10.2015-та година, кога првпат се сретнавме. Во вашите очи видов енергија, сигурност и голема желба да се врати репрезентацијата во живот. Ги паметам твоите зборови кога ми рече дека ќе направиш од репрезентацијата едно големо семејство и дека твоја цел е Македонија да се пласира на Европско првенство.

– Сите овие години не беше лесно, имаше и многу препреки, но ти гордо го чуваше нашето семејство…. ШЕФЕ, благодарам е малку што можам да кажам. Вие го сплотивте цел македонски народ и направивте да се сакаме како браќа во репрезентацијата и да гинеме еден за друг…. Затоа сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце, – порача Гоче.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни