Поврзете се со нас

Лига на нации

Пандев со емотивна порака: Поминав многу убави и лоши работи со тебе Македонијо….. (Видео)

Објавено

на

Горан Пандев како лидер и капитен на македонската фудбалска репрезентација е водич на оваа историска генерација на фудбалери, која во четврток ќе се обиде да направи историја и да ја израдува цела јавност во нашата земја.

Македонските фудаблери никогаш во своите кариери немале залог како оној кој ќе го имаат во четврток, бидејќи на натпреварот во Тбилиси ќе играат за историски пласман на едно Европско првенство, турнир кој го заслужуваат сите наши играчи, но особено капитенот Пандев кој одбележа една фудбалска ера во изминатите две децении.

Пандев ги освои сите најважни трофеи на клупски план и веќе испиша фудбалска историја, но секако за него ќе биде посебно чувство да ја заврши блескавата кариера со настап на еден голем и реномиран турнир како што е Европското првенство.

– 113 натпревари, повеќе од 19 години носење на овој свет дрес, многу порази, победи, радости и понижувања. Многу убави и лоши работи поминав со тебе Македонијо….. Остана уште еден чекор до остварување на мојот сон, до остварување на сонот на моите колеги, на моето семејство, на цела НАЦИЈА.

– Во овие тешки времиња, да се обединиме сите заедно и да се обидеме сонот да ни стане реалност. ЕДЕН ЗА СИТЕ – СИТЕ ЗА ЕДЕН….. Да ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА, – гласи емотивната порака на Пандев проследена со оригинално видео.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни