Лига на шампиони
Пандев се врати на „Џузепе Меаца“: Посебно е чувството на овој стадион (Фото)

Горан Пандев вечерва како специјален гостин во студиото на „Амазон-прајм“ има можност да дава стручни коментари за случувањата во Лигата на шампиони, но посебно за натпреварот меѓу Интер и Монако кој се игра во Милано.
Македонската фудбалска легенда вечерва е присутна на „Џузепе Меаца“ и се врати на стадионот на кој ги оствари најголемите успеси во кариерата, па тоа секако буди посебни емоции и спомени кај него.
– Огромна е емоцијата и посебно е чувството кога се враќам на овој стадион и кога ќе ги видам овие фантастични навивачи. Нашето време беше многу убаво, си поминавме многу убаво и незаборавно.
– Што се однесува до денешниот меч, новиот формат во Лигата на шампиони прави сезоната да биде подолга од порано. Вечерва не чека тежок противник, Монако е одличен и организиран тим, со многу брзи фудбалери. Не очекувам да биде лесно за Интер.
– Сепак, Интер на домашен терен е многу силен, добива голем поттик од фантастичните навивачи и очекувам да имаат одличен натпревар вечерва, – изјавил Пандев.
Siamo live con il pre di #InterMonaco 👇#ForzaInter #UCL
— Inter ⭐⭐ (@Inter) January 29, 2025
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони24 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија7 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Англија8 часа
Руни ја потенцираше големата јануарска трансфер грешка на Гвардиола: Навистина чуден потег