Поврзете се со нас

Европски првенства

Пандев: Се освоив во кариерата, ама живеам за настап на ЕП!

Објавено

на

Најдобрата македонска репрезентација ја очекува историски настап на големите натпреварувања и тоа на Европското првенство каде наш лидер ќе биде Горан Пандев.

Струмичанот во својата импресивна кариера освои се на клупски план, но ова е нешто посебно и живее за денот кога со националниот тим ќе истрча на теренот или поточно во случајот тоа е Букурешт каде на 13 јуни ќе ја отвориме групната фаза против Асвтрија.

-Тешка сезона е зад мене. Џенова се спаси во финишот на шампионатот и навистина имаше многу натпревари. Ама од моментот кога дојдов на подготовки со репрезентацијата, сè исчезна во еден момент. Живеам за тој наш настап на ЕП и горд сум што сум капитен на генерацијата што се пласираше на големото натпреварување за прв пат во историјата.

-Во мојата кариера освоив сè што можеше да се освои. Од Лигата на шампионите, Светското клупско првенство, Скудета, пет купа во Италија. Можам да кажам дека имам добра кариера и тие спомени вечно ќе останат со мене. Сепак, овој пласман на ЕП е круна на сè.

-Клупскиот дрес и боите на националниот тим се две различни работи и шансата да ги браниш боите на земјата во која си роден, да го гледаш семејството, пријателите и другите граѓани на Македонија среќни и весели е нешто од непроценливо значење. Нешто да се живее, -рече Пандев кој проговори за предизвиците во групата почнувајќи од недела со Асвтрија.

-Имаме лошо искуство со нив затоа што тие не добија во двата квалификациски натпревари. Посебно ме боли поразот во Скопје кој не ни требаше. Украина е репрезентација која може секого да победи, а Холандија е свет за себе. Нашата предност освен квалитетот е фактот дека оваа генерација нема што да изгуби. Нема да кажам дека ќе ја поминеме групата, но навистина нема што да изгубиме и тоа нè прави опасни, -вели популарниот Гоче во интервјуто за „Германијак“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни