Пандев се огласи и им испрати порака на навивачите на Интер кои топло го пречекаа на „Џузепе Меаца“ (Видео)

goce zamena

Нашиот Горан Пандев и Џенова не се прославија на вчерашното гостување во Милано кај Интер губејќи со убедливи 5-0. Домаќините сосема заслужено го добија овој дуел со што ја продолжија позитивната серија на резултати во Серија А.

На оваа средба Пандев беше стартер и беше активен се до 51 минута кога беше заменет од Пиатек, а навивачите на Интер го испратија со овации и аплаузи со што уште еднаш покажаа дека не го заборавиле нашиот ас и неговиот придонес во историската триплета во 2010 година.

Меѓутоа и Пандев не им остана должен и им испрати порака преку социјалните мрежи:

-Жалам за поразот поразот, но уште еднаш сакам да им се заблагодарам на навивачите на Интер за љубовта и топлото добредојде. Иако помина доста време тие секогаш допираат до моето срце… Ви благодарам, -напиша Пандев.

Facebook Коментари