Поврзете се со нас

Европски првенства

Пандев се одјави како вистински великан и откри каква порака им испратил Блинд на судиите

Објавено

на

Горан Пандев на величестевен начин беше испратен на „Јохан Кројф арена“ од сите свои соиграчи и стручниот штаб, но покрај импровизираниот шпалир, на нозе станаа и сите холандски фанови, вклучувајќи го и легендарниот Весли Снајдер кој со стоечи овации го испрати својот поранешен соиграч од Интер.

Македонскиот капитен стави крај на репрезентативната кариера со својот 122-ри настап носејќи го дресот со државниот грб, а како што можеше да се очекува, натпреварот против Холандија го заврши со солзи во очите и со огромна гордост без оглед на поразот од 3:0.

Пандев во првото интервју по својот последен меч за репрезентацијата истакна дека оваа одлука за повлекување е конечна и никогаш нема да се врати во тимот, но проговори и за контроверзниот момент кога наместо да добие прекршок од Блинд, видовме контра на домаќините со која поведоа со 1:0.

– Мора да нагласам дека сум возбуден и благодарен за ова незаборавно искуство. 20 години во репрезентативниот дрес, ова беше вистинска чест, беше чест да се претставува овој свет дрес. Си го остварив сонот со ова Европско првенство. Немавме искуство во важните моменти на натпреварите, но ова искуство ќе го паметам вечно, вечно ќе се сеќавам на овој турнир.

– Дали беше прекршок од Блид? Видете вака, тој ја удри мојата нога и топката и самиот тој им го призна тоа на судиите. Тоа е прекршок, но судиите знаат да застанат на страна на фаворитот и така е во фудбалот. Како и да е, Холандија не надигра во второто полувреме, ние одигравме одлично прво полувреме, но не можевме да се носиме во вториот дел. На крајот, заслужено победија.

– Одлуката за повлекување е конечна, на оваа возраст, не можам да давам максимум на два или три фронта. Срцето ми е полно, не можам да направам нешто поголемо од ова. Се простувам на едно Европско првенство, на голем турнир, нешто за што сонував. Им благодарам на сите Македонци, сите во Македонија застанаа кога се играше првиот меч со Австрија, им благодарам на сите Македонци кои дојдоа во Букурешт и Амстердам, им благодарам на соиграчите, на сите од стручниот штаб со кои сум соработувал, на масерите, на физиотерапевтите. Верувам во оваа селекција, верувам дека ќе се пласираат и на Светско првенство. Во овој тим има повеќе лидери, – нагласи Пандев.

 

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни