Поврзете се со нас

Италија

Пандев се гледа себеси во еден играч на Наполи: Секогаш ви требаат такви шампиони

Објавено

на

Горан Пандев будно ги следи случувањата во Серија А и има интересна ситуација кога е во прашање битката за титулата, бидејќи двата главни фаворити за Скудетото се два негови поранешни клубови.

Популарниот Гоче мина извонредни моменти во Интер и во Наполи, па иако не сакаше да бира свој фаворит во интервјуто за „Ил Матино“, не пропушти да нагласи дека во шампионската трка може да се активира и Аталанта, особно откако тимот испадна од Лигата на шампиони.

– Сигурен сум дека ќе гледаме отворена битка до крајот на сезоната и се надевам дека ќе освои некој од Интер и Наполи. Аталанта може да се вклучи во борбата, особено по испаѓањето од Лигата на шампиони и нивниот настап против Емполи. Мора да ги вклучиме во трката, Гасперини има голем состав и располага со голем број играчи.

– Наполи е ослабен со заминувањето на Кварацхелија, но доби победнички тренер во Конте. Тој има силен карактер и тажно е што се соочува со доста повреди во тимот. Покрај повредите, продаден му беше и најдобриот фудбалер, бидејќи сите знаеме дека Квара сам можеше да победува. Од друга страна, Интер со години го има најдобриот тим во лигата, точно е дека сега има мал пад, но станува збор за тим кој е навикнат да победува и кој знае што сака, – потенцира Пандев, кој додава дека се гледа и препознава себеси во еден играч на Наполи.

– Распадори многу ме потсетува на мене, бидејќи и јас сакав да оперирам и играм зад главниот напаѓач. Добро му оди во последно време, иако му беше потребно време за да си го пронајде своето место во тимот. На Наполи секогаш му требаат играчи кои се шампиони како Распадори, – заклучува Македонецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни