Поврзете се со нас

Македонија

Пандев позираше со ново засилување: Брера Струмица доби засилување од Вардар

Објавено

на

Foto:facebook.com/fkakademijapandev

Горан Пандев вчера со големо задоволство го претстави првото големо летно засилување за Брера за кое работеле неколку месеци, но веќе денеска позираше со нов играч кој пристигнува во Струмица.

По ангажманот на Џибрил Дианеси, Брера Струмица денеска се пофали и со досегашниот вардаров фудбалер, Марјан Ристовски, кој изминатава сезона постигна три гола и запиша седум асистенции на 29 натпревари за скопскиот тим.

Популарниот Швајц потекенува од Гевгелија и во минатото има собрано богато искуство во мак-фудбалот, па така сега ќе соработуваи со Бојан Круљ на стартот на подготовките во Струмица.

– Среќен сум што ќе бидам дел од Брера Струмица и ќе дадам се од себе да се исполни зацртаната цел за следната сезона. Станува збор за клуб кој сите го репектираат бидејки го води една легенда како што е Горан Пандев. Брера е фудбалски проект кој веќе го препознаваат сите и ми преставува задоволство што ќе бидам дел од него, – изјави Ристовски.

Стартот на подготовките за следната сезона е закажан при крајот на месецов, а покрај Дианеси и Ристовски, Брера претходно го договори и искусниот голгетер Антонио Калаонски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни