Поврзете се со нас

Европски првенства

Пандев поради повредата го пропушти денешниот тренинг во Амстердам

Објавено

на

Македонија во понеделник ќе ја заокружи групната фаза на Европското првенство и тоа со пресметката против Холандија со која ќе играме во Амстердам.

Нашиот национален тим се подготвува за таа средба за која останува неизвесно дали ќе можеме да сметаме на капитенот Горан Пандев. Напаѓачот на Џенова го пропушти денешниот тренинг поради повреда на зглобот, повреда со која имаше проблеми и пред мечот со Украина, ама стегна заби и ги одигра сите 90 минути.

Лекарската екипа прави се што може да го оспособи Гоче за настап со оглед на тоа што истиот може да биде негов последен во репрезентацијата, ама и во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни