Поврзете се со нас

Европски првенства

Пандев по пристигнувањето во Скопје: Жал ми е што не ги израдувавме навивачите, оваа генерација ќе биде запишана со златни букви во историјата

Објавено

на

Македонската репрезентација вчера го заврши настапот на првото Европско првенство, а попладнево веќе се врати во Скопје.

Нашите асови беа дочекани со овации и апалузи на аеродромот, а во фокусот секако беше капитенот Горан Пандев за кого дуелот против Холандија беше последен во дресот на репрезентацијата. Популарниот Гоче даде краток коментар, анализа за случувањата во Амстердам и Букурешт и истакна дека жали што не освоиле некој бод со кој би ги израдувале навивачите.

-Жал ми е што не освоивме барем еден бод. Бевме многу блиску, ама и многу далеку. Ова се натпревари кои се тешки за играње, нови искуство, големи емоции. Сите луѓе во Македонија живеаа со нас. Жал ми е што не ги израдувавме навивачите, се надевам дека оваа генерација ќе има уште можности да не радува. Оваа генерација треба да биде запишана со златни букви македонскиот фудбал затоа што сме првите кои отидовме на големо натпреварување. Немам договор со клубот, немам планови, сега заминувам на одмор, па потоа ќе размислувам за тоа, -рече Пандев кој жали што селекторот Игор Ангеловски нема да одработи квалификацискиот циклус за СП.

-Тоа треба да одлучат луѓето од ФФМ, дали Ангеловски треба да остане селектор. Уште пред да заврши мечот со Холандија видовме на некои македонските портали дека репрезентацијата има нов селектор. Му посакувам среќа на него и оваа генерацијата, се надевам ќе се пласираат на Светско првенство. Мислам дека селекторот требаше да добие шанса да ги заврши циклусот за СП, но знаеме како функционираат работите кај нас, -заврши ветеранот кој сега планира добро да се одмори.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни