Европски првенства
Пандев: Пласманот на ЕП е круна на мојата кариера, два натпревари засекогаш ќе ги паметам

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев испрати уште една порака во која јасно се гледа колку му значи пласманот на Европското првенство.
Ние преку Лигата на нации се изборивме за место на континенталниот собир, прво ги минавме групите, па ги добимве Косово и Грузија за билет за ЕП во кое силите ќе ги одмериме со Австрија, Украина и Холандија.
-Па добро, годат сите комплименти затоа што нашата репрезентација заврши одлична работа. Добро е за Македонија, за нашата репрезентација… Прв пласман на нашата селекција на големо натпреварување, ова е круна на мојата кариера, -истакна Пандев за „Моцарт Спорт“.
-Се надевам пандемијата ќе заврши. Дека ќе има публика и тогаш ќе имаме голема поддршка од нашите фанови. Реално ние сме аутсајдери, но нема што да изгубиме. Првите два меча со Австрија и Украина се најважни за нас, дополни Гоче кој ги издвои мечевите кои засекогаш ќе ги памети.
-Тоа се два натпревари. Дуелот против Грузија на 12 ноември и нашиот голем успех. Вториот е финалниот натпревар во Лигата на шампионите помеѓу Баерн и Интер кој го добивме со 2-0, -рече капитенот кој се надева дека Академија Пандев и Џенова ќе имаат далеку подобри резултати во останатиот дел од актуелнава кампања.

- Светпред 20 часа
Венгер: Не сме свесни каков играч имаме во Франција, истата грешка ја направивме со Платини, Зидан и Анри
- Шпанијапред 24 часа
Лапорта ги именуваше трите фудбалери со кои ќе започне реновирањето во Барселона
- Светпред 23 часа
Кејлор Навас: Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, но не и на…….
- Англијапред 22 часа
Фердинанд за денот кога го „уништил“ Руд: Ќе се степав со Ван Нистелрој поради Роналдо!
- Шпанијапред 19 часа
Дренте откри како Рамос го имитирал Кристијано на тренинзите на Реал (Видео)
- Италијапред 21 час
Буфон обелодени како му се обраќа на Пирло пред останатите соиграчи во Јувентус
- Англијапред 18 часа
Новата ѕвезда на Гвардиола: Викенд од соништата за мене беше кога ги гледав Фердинанд и Видиќ на телевизија
- Германијапред 23 часа
Страшната контра донесе нов моќен спринт: Несопирливиот Халанд претрча 95 метри за 12 секунди (Видео)