Италија
Пандев остана на клупа и гледаше како Џенова доживува срам во Фиренца (Видео)

Џенова ќе има тешка мисија да опстане во Серија А оваа сезона, бидејќи и заминувањето на Андриј Шевченко не предизвика позитивен шок врз тимот.
Напротив, Џенова вечерва изгледаше уште помизерно и полошо на теренот, а нашиот Горан Пандев го проследи тоа од клупата за резерви бидејќи не доби шанса за игра.
Фиорентина се наслади од маките на гостите од „Луиџи Ферарис“ и немаше милост кон гостинскиот голман Сиригу, кој вечерва дури шест пати ја вадеше топката од својата мрежа, а можеше и повеќе.
Влаховиќ не реализираше пенал при резултат 0:0, но по неговата утка, следеа голови на Одриозола, Бонавентура и Бираги за сигурно и комотно водство од 3:0 на полувреме.
Во вториот дел, Србинот се поправи и постигна одличен лоб погодок за 4:0, а покрај Влаховиќ, во вториот дел втор погодок постигна Бираги, а конечните 6:0 ги постави Тореира во 77-та минута.
Џенова е претпоследна на табелата со само 12 освоени бода и има шест помалку од првиот тим кој е во сигурната зона, додека Фиорентина се искачи на шестото место со денешната победа.
-
Францијапред 24 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Англијапред 18 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 21 час
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Лига на шампионипред 21 час
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
Светски првенствапред 14 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Шпанијапред 23 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Дибала го направи последното селфи на „Алијанц“, на него се и двајца „специјални гости“ (Фото)
-
НБАпред 16 часа
Леброн откри меѓу кои тројца играчи би бирал за дуел „два на два“ против Џордан и Пипен (Фото)